ПСЖ го комплетираа трансферот на Ренато Санчес

Макфакс

04/08/2022

19:59

3.193

Големина на фонт

а а а

По долги преговори, Пари Сен-Жермен го победија Милан и го обезбедија потписот на фудбалерот од средниот ред на Лил, Ренато Санчес, потпишувајќи петгодишен договор до 2027 година.

Поранешното „златно момче“ на португалскиот фудбал ја врати репутацијата во француските ривали на ПСЖ, и трансферот е само 15 милиони евра, помалку од сумата која ја дадоа Лил пред пет години. Тој е петто засилувње за тимот на Кристоф Галтие оваа сезона, по Нуно Мендеш, Витиња, Норди Мукиеле и Уго Екитике.

Откако импресионирше како тинејџер со Бенфика и со Португалија стигна до европскат титула во 2016, Санчес потпиша за Баерн Минхен во договор вреден 80 милиони евра. Но, во Германија, тој не успеа да се адаптира на играта, и по позајмицата во Свонси, се пресели во Лил, со кои ја освои француската титула во 2021.



Спонзорирани линкови

Маркетинг