Тајван откажа 40 летови, додека Кина одржува поморски маневри во водите околу островот, користејќи боева муниција, јавуваат светските агенции.
На аеродромот во Тајпеј тврдат дека откажувањето на летовите „не е неопходно“ поврзано со воените вежби, пренесува АП.
Маневрите почнаа по еднодневната посета на Тајван на претседателката на Претставничкиот дом на САД, Ненси Пелоси.
Во исто време, Пекинг забрани увоз на стотици прехранбени производи од Тајван, вклучувајќи риба, овошје и колачи.