(Фото) Телескопот Џејмс Веб воодушеви со новата извонредна фотографија од вселената: Научниците мислат дека прикажува ретка галаксија

Точка

04/08/2022

09:00

24.601

Големина на фонт

а а а

Американската вселенска агенција NASA, објави нова, ретка и извонредна фотографија од галаксија, наречена The Cartwheel и оддалечена 500 милиони светлосни години, чии прстени се појавуваат исклучително јасно благодарение на новиот телескоп Џејмс Веб.

Како и за Млечниот пат, астрономите мислеле дека галаксијата во минатото била спирална, но некој спектакуларен настан ѝ дал форма. Тогаш се формирале два прстени од центарот на колизијата слична на концентрични кругови кои се прават при фрлање камен во вода. Поради таквиот изглед оваа галаксија го добила и своето име.

Првиот прстен којшто повеќе е во центарот, многу е светол. Во текот на својата експанзија прстенот го пробива околниот гас и предизвикува формирање ѕвезди.

Таа галаксија веќе била видена преку телескопот Хабл, но инфрацрвените капацитети на Веб откриваат нови, досега скриени детали и овозможува да се види низ големата количина прашина.

И натаму во преодна состојба

Комбинираната фотографија настанала со набљудување на два научни инструменти на телескоп кои носат две помали галаксии, како и многу други во позадина.

Оваа галаксија и натаму е во преодна состојба, навела NASA.

Телескопот дава поглед на нејзината сегашна состојба, но исто така дава идеја и за тоа што ѝ се случило во минатото и како ќе се развива во иднина, објаснила научниците.

Џејмс Веб, инженерската скапоценост вредна 10 милијарди долари, лансиран беше во вселената пред седум месеци и се наоѓа на 1,5 милиони километри од Земјата.




Спонзорирани линкови

Маркетинг