Почина поранешната министерка за надворешни работи и пратеничка од редовите на СДСМ, Илинка Митрева, објави партијата.
Оттаму изразуваат искрено сочувство до семејството на прерано починатата Митрева:
„Како еден од основачите на партијата, Митрева го трасираше патот до она што СДСМ е денес, одговорна, државотворна партија.
Искрено сочувство до семејството на прерано починатата Илинка Митрева, поранешна пратеничка од редовите на СДСМ и...
Posted by СДСМ - Социјалдемократски сојуз на Македонија on Monday, August 1, 2022
Голем е придонесот на професорката Митрева во градењето и афирмацијата на македонската државност во времиња кои беа полни со сериозни предизвици.
Делото на Митрева останува трајно богатство за македонската дипломатија и пример за одговорен, државнички однос кон функцијата, кон државата и иднината на граѓаните.
Нека почива во мир“, стои во објавата на Фејсбук профилот на СДСМ.