(Фото) Исплива шок преписка од Деп и Менсон - пораките се бизарни до срж: „Зафркнато е, брату мој!“

Точка

01/08/2022

23:38

18.757

Големина на фонт

а а а

На виделина излезе преписката меѓу Џони Деп и Мерлин Менсон од 2016 година, во која музичарот ја споредува неговата тогашна сопруга Линдзи Јузик со Амбер Херд, во тоа време веќе поранешна сопруга на Деп.

„Ја имам покрај себе Амбер 2.0“, му напишал Менсон на Деп, жалејќи се дека Линдзи поднела барање за забрана за приближување, тврдејќи дека тој ја „претепал“ и чувал дрога во куќата.


Деп на својот пријател му дал инструкции да остане мирен и да не дозволи да го допираат такви обвиненија, акцентирајќи дека е важно „да не ѝ го дава тоа што сака да го постигне“, пренесува „Дејли Мејл“.

„Таа сака да те натера да врескаш, да полудиш и да го нахраниш нејзиното нарцистичко однесување. Верувај ми, имам прочитано еден тон материјал поврзани со тоа социопатско однесување. Зафркнато е, брату мој! Мојата поранешна е проклет учебник! Требаше да го прочитам тоа порано“, му напишал хoливудскиот актер на својот пријател Менсон.


СМС пораките биле објавени минатиот викенд, кога биле отпечатени илјадници страници документи поднесени за време на судењето на Џони Деп и Амбер Херд.

Менсон продолжил да му испраќа пораки на Деп, во кои искажува загриженост: „Имам сериозно полициско сценарио во стилот на Амбер со семејството на Линдзи. Под стрес сум. Не знам дали се врати, но ми треба азил некаде, затоа што мислам дека полицијата можеби ќе ме следи“.

Актерот повторно го посоветувал „да се држи на дистанца и што помалку да разговара со неа“.

„Ова е с*ање. Рекла дека сум ја претепал и на полицијата ѝ дала моја адреса. Им рекла дека имам дрога овде. Толку сум спремен да си одам оттука“, напишал музичарот.


Понатамошната кореспонденција открива дека Џони и Мерилин разговарале да имаат своја пештера, алудирајќи на филмот „Salò“: „Ајде да имаме свој Сало, но без геј работи кај нас“.

Инаку, филмот е забранет во неколку земји поради прикажувањето на силувања, мачења и убиства, главно на луѓе за кои се верува дека се малолетни.

Во следната порака, Менсон му рекол на Деп дека ќе го запознае со „нова обожавателка“, наведувајќи дека таа е полнолетна.

„Мојата нова обожавателка сака да те запознае. Изгледа дека ти треба. Верувај ми. Ќе ти испратам слика. Има 18 години“, напишал тој.

Инаку, за да биде сè побизарно, и покрај сите пораки и обвинувања, Линдзи и Мерилин застанале на лудиот камен во 2020 година, четири години по контроверзните пораки, а и денес се во брак.




Спонзорирани линкови

Маркетинг