Маск и неговата компанија Тесла продадоа 75 отсто од биткоинот

Макфакс

21/07/2022

16:44

1.929

Големина на фонт

а а а

Мултимилијардерот Илон Маск, поточно неговата компанија Тесла, инвестираше 1,5 милијарди долари во биткоин на почетокот на минатата година, потпирајќи се на она што производителот на електрични автомобили го нарече „долгорочен потенцијал на дигиталната валута“.

Сепак, компанијата веќе продаде три четвртини од своите биткоини.

Конвертирани 75 проценти од биткоини

– До крајот на вториот квартал, ние конвертиравме приближно 75 проценти од нашите биткоини во фиат валута – наведе Тесла во својот извештај за заработка од вториот квартал. Компанијата соопшти дека продажбата додаде 936 милиони долари во готовина во билансот на состојба.

Претставува брзо повлекување за Тесла и извршниот директор Маск, кој беше голем поттикнувач на криптовалути во текот на изминатата година, често твитајќи за различни дигитални валути.

Цената на биткоинот изгуби половина од својата вредност во последните четири месеци за време на она што се нарекува „крипто зима“.

За Tесла, пазарната вредност на нејзините биткоини достигна 2,48 милијарди долари во првиот квартал од 2021 година и ја заврши годината на околу 2 милијарди долари. Компанијата не соопшти по која цена е продадена, но биткоинот го започна вториот квартал близу 46.000 долари и заврши под 19.000 долари.

– Причината зошто продадовме еден куп наши биткоини беше затоа што не бевме сигурни кога ќе се олесни заклучувањето предизвикано од коронавирусот во Кина, па ни беше важно да ја максимизираме нашата готовинска позиција.

Ова не треба да се сфати како пресуда за Биткоин – рече Маск, додавајќи дека Тесла е отворена за зголемување на својата криптовалута во иднина, пренесе Аваз.ба.