Иновативно решение на германска пивница: „Литар пиво за литар масло“

Точка

18/07/2022

14:23

3.390

Големина на фонт

а а а

Една минхенска пивница пронашла нов начин како да го надмине недостигот на масло за јадење во Европа. Нивните гости плаќаат пиво со сончогледово масло.

Со оглед на тоа дека на Украина и Русија отпаѓаат околу 80 проценти од глобалниот извоз на сончогледово масло, многу европски земји се соочуваат со недостиг на масло откако Русија ја нападна Украина.

Менаџерите на пивницата „Giesinger“ во јужниот дел на Минхен мислат дека имаат одговор нудејќи им на љубителите на пиво за литар од својот омилен пијалак да платат со литар масло.

„Останавме без масло во кујната и моравме да бидеме иновативни“, рекол менаџерот Ерик Хофман за „Reuters“.

Досега собрале 400 литри масло.

Литар пиво чини седум евра во германските пабови, додека литар масло во продавниците чини 4,5 евра, поради што понудата на оваа пивница е примамлива.