Македонската Џенифер Лопез, водителката Лила Филиповска ( Стојановска) во интервју за ТОЧКА ни откри колку до неа допираат чаршиските муабети и како е да се биде самохрана мајка и во исто време успешна жена. Личните падови и успеси ги сподели само со верните наши читатели.
Автор: Марија Главчева
Локација: Бистро Бар БАРБАКАН
--
Што ја прослави Лила, различните емисии и професионалната кариера или скандалите и пикантериите поврзани со твојот приватен живот?
Ме прослави дефинитивно Енигма, морам да кажам дека луѓето сеуште ме паметат по тој квиз кој беше прв на нашиве простори од таков калибар. А кулминацијата на мојата популарност се случи со Несоница, кога исто така, на нашиве простори правевме едно шоу од тој тип заедно со Мишко Барзов каде што ни гостуваа политичари, бизнисмени, јавни фаци кои публиката никаде ги немаше видено ниту слушнато да зборуваат за својот приватен живот, за некои анегдоти и благодарение на тоа Несоница беше најгледно шоу во тоа време и нема некој кој што не ја гледал и не се сеќава на неа.
Зошто Лила престана да пее?
Не ми се пееше веќе. Никогаш јас нити сум почнала нити сум завршила со пеењето. Јас сум музикална, ја сакам музиката, е сега нели колку имам талент тоа е прашање на вкус. Јас не пеев за да се промовирам себе си како пејачка затоа што искрено не поседувам такви гласовни можности за да се наречам пејачка, туку понудив еден пакет на една јавна личност за која се пишуваше, имаше скандали за мене, разни афери, па тоа едноставно беше еден пакет кој го подготвив заедно со Роберт Саздов кој е главниот виновник за мојата музичка кариера. Искрено покрај музиката и вокалните способности на Тоше, Калиопи, Каролина и Лидија Кочовска срамота е да се претставам како пејачка. Знам да почитувам и знам што е квалитет.
Како се снаоѓаш подобро, кога си во брак или соло?
Очигледно соло. Сите факти зборуваат дека подобро се снаоѓам како соло девојка. Мене љубовта ми е како мевлем на душа, но не значи дека само кога сум вљубена тогаш функционирам најдобро. Љубовта од пријателите, од најблиските, успехот на работа, кариерата, патувањата, така што љубовта е еден сегмент од тоа што ме прави среќна. А јас сум секогаш заљубена.
Што те прави среќна и горда?
Син ми Фипил, откога е тој роден, значи пред 16 ипол години најголемата среќа ја чувствувам кога е нешто поврзано со него. Дали е тоа успех во школо, некој негов личен успех, јас сум среќна пет пати повеќе од него. Подготвена сум секоја негова желба да ја исполнам. А во последните 2 години ме прави среќна и внука ми Галена. Се друго е некоја среќа која е моментална, а оваа никогаш нема да ме напушти.

Ќе ги следи ли Филип твоите стапки?
Па нема такви најави во однос на водителството. Тој многу ја сака музиката, посебно хип-хоп и ар-ен-би музиката и не е дете кои оди на сите концерти за кои јас ќе му најдам карти. Оди на места кои него му се допаѓаат, оди на изведувачи и музика кој тој ја слуша. Мислам дека нема амбиции за водител.
Точни ли се муабетите дека имаш правено корекција на нозете?
Хахаха...не. Тоа беше една шега, која за жал мислев дека е шега, но излезе дека луѓето пресериозно ме сватиле. Далеку од тоа, тоа е корекција која што е многу опасна, долготраен процес кој и не е така едноставен. Јас им се извинувам на сите оние кои ме сватија серизно. Со моите нозе се е во ред, такви се какви што се, единствено со вежбање можам да ги корегирам.
На твојот ФБ профил си напишана како Лила Ванила Филиповска. Зошто Ванила?
Затоа што обожавам пудинг од ванила, ете затоа. Од друга страна се појавуваат лажни профили и сакајќи да се заштитам од тоа си се напишав така за сите мои пријатели да знаат дека тоа навистина е мој личен профил. Плус се римува со Лила...инаку син ми имаше предлог да биде Текила, меѓутоа со оглед на тоа дека не пијам алкохол и текила не се најдов во додатокот. Инаку ФБ профилот си го користам за комуникација со пријателите, за забава, има интересни групи, вицеви, стауси...и интересно ми е. Но не сум човек кој спие на ФБ.
Веќе подолго време те нема на ТВ екраните со своја сопствена емисија. Каде си и што подготвуваш?
Многу ми е драго што е така, на почетокот се нервирав затоа што задоцнивме со проектот годинава, но сега ми е супер. После 16 години на екранот јас овојпат се одморив од своја емисија. Се одмори и мојот шминкер и стилист Владимир, се одморија и гледачите од мене. Драго ми е кога ќе ме прашаат кај си, те нема. Се градеа нови студија, па тоа ни ги промени плановите. Сега се подготвувам за нов сериозен проект, ја откупивме лиценцата за квизот Земи или Остави, нешто што се емитува низ целиот свет, па ете, конечно ќе биде и кај нас.
Како е правилно, Лила Филиповска, или Стојановска?
Па буквално можете да ме кажете како сакате, нема да згрешите. Кога ќе кажам Лила Филиповска луѓето ме знаат и никој не прашува која Лила. А кога ќе кажам Стојановска малку ги збунувам, и се претставувам како Филиповска за да нема заблуди. Но во лична карта сум Стојановска, тоа е моето моминско презиме и по цена на живот повеќе нема да го сменам. Може да доадам некое презиме, што чисто се сомневам.

Како се негува Лила, што пие, што јаде?
Јас правам буквално се. Тоа го правам отсекогаш, не од денес или вчера. Со години вежбам, трчам на кеј, со години одам во салонот за убавина Сикрет, се масирам, се сончам, правам ЛПЏ третмани. Не смеам ништо да оставам на времето, посебно од кога ја поминав 30-тата година. Телото памти се и кога тогаш ќе ни врати. Стареењето може да се одложи, јас тоа го правам. А кога би имала потреба би направила и пластична операција, но чисто затоа што така треба.
Колку допираат чаршиските муабети до тебе поврзани со твојот приватен живот?
Како ланскиот снег, толку ми е интересно и толку ме занима. Порано да, на почетокот да, кога бев помлада, кога почнаа жолтите печати, приватните телевизии и тогаш луѓето веруваа во се што ќе видат и прочитаат. Но после толку години е поинаква ситуацијата и јас отрпнав. Јас само едно велам, многу е важно да си го исчистиме ѓубрето во нашиот двор, а потоа да зборуваме за ѓубрето на комшијата. За никого не ми е гајле што и како прави и не знам зошто некој друг би го интересирали што јас правам. Мене никој не ме прашал како живеам сама и се грижам за моето дете веќе толку години, дали имам што да јадам, каде да живеам, тогаш зошто некој би го интересирало со кого спијам и колку сум морална.
И за крај, што ги советува Лила сите верни читатели на ТОЧКА?
Топло би им препорачала да бидат среќни, сите имаме проблеми, но да не дозволиме тоа да ни ја влијае на расположението. Буквално мора да се смееме на секој нов ден, што сме отвориле очи, што сме живи и здрави. За се има решение, ако сакаме да го најдеме ќе го најдеме. Сум имала многу успони и падови во мојот живот, но секогаш сум била јака и сум се враќала на овие совети. Да читаат ТОЧКА затоа што и јас секојдневно го правам тоа и да уживаат во убавото време. Но да бидат среќни, тоа е најбитно.