Сончево време со температура до 32 степени

Макфакс

13/07/2022

07:57

1.367

Големина на фонт

а а а

Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. На југоистокот ќе биде сончево. Ќе дува слаб до умерен, а по должина на пошироко Повардарие повремено засилен северен ветер.

Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 18, а максималната ќе достигне од 23 до 32 степен.

Во Скопје сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северен правец кој краткотрајно ќе се засилува. Минималната температура ќе се спушти до 11, а максималната ќе достигне до 29 степени.

До петок ќе се задржи претежно сончево време со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен северен ветер кој денес и утре по должина на пошироко Повардарие ќе се засилува. До четврток утрата ќе бидат посвежи, а дневните температури ќе бидат во постепен пораст. За време на викендот ќе има услови за појава на изолирана нестабилност со појава на краткотраен пороен дожд.



Спонзорирани линкови

Маркетинг