Новото истражување покажува дека кучињата можат да помогнат во намалување на криминалот и зголемување на безбедноста во населбите

Точка

12/07/2022

19:32

11.268

Големина на фонт

а а а

Новото истражување на Државниот универзитет во Охајо покажало дека населбите во кои има поголем број кучиња имаат тенденција да бележат помалку случаи на злосторства.

Ако сакате да пронајдете безбедна населба за живеење, изберете ја онаа во која жителите си веруваат едни на други, но имаат и многу кучиња како миленици, сугерира новото истражување.

Во една студија спроведена во Колумбус, истражувачите откриле дека населбите со повеќе кучиња имаат пониски стапки на убиства, грабежи и, во помала мера, тешки напади во споредба со подрачјата со помалку кучиња.


Резултатите сугерираат дека луѓето кои ги шетаат своите кучиња придонесуваат за тоа да има повеќе луѓе на улица, што може да го обесхрабри криминалот, посочува Николо Пинчак, водечки автор на студијата и докторанд по социологија на Државниот универзитет во Охајо.

„Луѓето кои ги шетаат своите кучиња во суштина патролираат низ своите населби“, вели Пинчак.

„Тие можат да забележат кога нешто не е во ред и кога има сомнителни аутсајдери во тоа подрачје. Тоа може да биде пречка за криминал“, објаснил тој.


Студијата неодамна беше објавена во списанието „Social Forces“.

Социолозите долго време теоретизираа дека комбинацијата на меѓусебна доверба и локален надзор меѓу жителите на соседството може да ги одврати криминалците, истакнува коавторот на студијата Кристофер Браунинг, професор по социологија во Охајо.