Плажата Нугал на Макарската ривиера е скриена локација која бројни светски туристички магазини ја сместија на листата најубави во Европа, а претходно била наменета исклучително на нудисти.
Откако светските медиуми, како „CNN“, „Vogue“, пишуваа за оваа плажа, но и благодарение на социјалните мрежи – дотогаш непознатото парче крајбрежје на Јадранското море станало навистина популарно.
Порталот „European Best Destination“ ја прогласил за трета најубава плaжа во Европа во 2019 година, а во 2020 година магазинот „Conde Nast Traveler“ ја издвоил како една од 25-те нaјубави европски плажи.
„Conde Nast Traveler“ споменал и дека доколку би сакале да стигнете на таа локација, потребно е да се спуштите низ карпите и да одите низ борова шума околу 40 минути.
„Спектакуларен поглед од дното – плажата е драматично опкружена со стрмни карпи од двете страни и студена, кристално чиста вода, ја прават вредна за патување“, се наведува во описот на магазинот од 2020 година.
Како посебен совет издвоиле: „Дојдете по обилните дождови и ќе може да воочите водопад од приближно 10 метри како се спушта низ најсеверните карпи“.
Додека претходно за плажата знаеле само локалните жители, со помош на социјалните мрежи таа станала навистина препознатлива.
Исто така претходно била резервирана исклучиво за нудистите, додека пак денес постојат два копнени, поделени делови – еден наменет за нудисти, а другиот за останатите луѓе.