Кралицата Елизабета има строги правила – членовите на кралското семејство не смеат да користат мобилен на ручекот

Точка

08/07/2022

20:21

12.721

Големина на фонт

а а а

Како најдолговечниот монарх во историјата, не изненадува што кралицата Елизабета втора (96) сака луѓето околу неа комплетно да се придржуваат кон правилата. Дури и кралското семејство има низа протоколи на кои мора да се придржува, пишува „Мирор“.

Кралскиот стручњак Жил Брендрет раскажа за кралицата и нејзините правила додека се наоѓа на ручек. Призна дека се угледува на неа, во се.

Според неговите зборови, а ако се има предвид дека тој е многу добро информиран во врска со оваа тема, кралицата не одобрува лошо однесување на масата.

„Една од работите која не им ја дозволува на своите внуци, па дури и на правнуците се мобилни за време на ручекот. Таа сака формален оброк. Тоа не значи дека мора да имате костум, но морате убаво да седите на масата и никако не смеете да јадете со отворена уста“ – вели Брендрет.

Традиционално, ножот се држи со десна, а виљушката со лева рака. Членовите на семејството мора приборот за јадење да го постават на правилен начин за да дадат до знаење дека завршиле со јадењето.

Поранешниот кралски готвач, Дарен Мекгрејди вели дека кралицата има правило во нејзиното мени, не смее да има скроб после појадокот. Ова правило се занемарува само ако се работи за државничка вечера. Таа најчесто одбира за вечерапечена риба или пилешко со зеленчук и салата, вели тој.

Мекгрејди вели дека нејзино цврсто правило е избегнување лук како состојка во јадењата. Намирници кои кралицата не ги сака се компир и тестенини.