Три можни дестинации за Дибала

Дерби

07/07/2022

13:19

2.322

Големина на фонт

а а а

Пауло Дибала официјално е без клуб или поточно со крајот на минатиот месец заврши неговата приказна во Јувентус.

„Старата дама“ сакаше да го задржи Аргентинецот, но потоа ја промени првичната понуда која му беше претставена на офанзивецот што на крајот донесе разделба на двете страни. Сега е прашање каде Дибала ќе заврши со тоа што медумите пренесуваат дека три опции се во игра.

Тоа се наводно Манчестер Јунајтед, потоа Интер кој некако и се олади по ангажманот на Ромелу Лукаку, но и Атлетико Мадрид. Шпанскиот тим не се прослави во минатата кампања, сака да се засили и токму играч од калибарот на Пауло тоа може да им го донесе.

Напаѓачот од Кордоба во досегашната кариера освен за Јуве има настапува за Палермо и Институто.



Спонзорирани линкови

Маркетинг