Каков потег за заокружување на „петардата“ на шампионот: Супер „ножички“ за ерупција на навивачите

Дерби

07/07/2022

11:28

2.680

Големина на фонт

а а а

Составот на Палмеирас без никакви проблеми го потврди пласманот во четвртфиналето на Копа Либертадорес, фаза до која стигна откако со вкупни 8-0 го доби двомечот со Серо Портењо.

Првиот дуел заврши со 3-0, додека оној вториот што се одигра рано утрово со 5-0 и тоа во средба која ја одбележа напаѓачот Рони.

Рони влезе во 34 минута и успеа да даде два гола од кои оној во 83 беше вистинско ремек-дело, погодок за ТВ шпици. Бразилецот со фантастични ножички ја смести топката во мрежата на гостите за ерупција на домашните фанови.

Инаку Палмеирас е актуелен шампион, бранител на трофејот кој во четвртиналето ќе се соочи со Атлетико МГ кој е предводен од Хулк.



Спонзорирани линкови

Маркетинг