Насилни демонстранти фрлаа димни бомби, петарди и шишиња кон Собранието, повредени двајца полицајци

Точка

06/07/2022

22:06

3.954

Големина на фонт

а а а

Денешниот протест кој се одржува под мотото „Ултиматум – Не благодарам“ ескалираше пред Собранието.

Како што јавуваат репортерите на МИА од терен, кон полицискиот кордон што ја обезбедува собраниската зграда беа фрлени димни бомби, петарди и шишиња, а за МИА од МВР потврдуваат дека се повредени двајца полициски службеници кои се хоспитализирани.


На собирот се појавија лица со „фантомки“ кон кои се стрчаа дел од учесниците на протестот и почнаа да ги бркаат. Неофицијално учесниците на протестот фатиле двајца од нив, но не им дозволуваат на медиумските работници да се доближат.

Според полицијата, приведено е и едно лице кое се движело кон Собранието носејќи чекан и камења со себе.


Протестот досега беше мирен и без инциденти. Учесниците на протестот претходно запалија транспарент со фотографии на пратеници на кој пишуваше „предавници на народот“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг