(Фото) Мицкоски на Фејсбук: Ова е човекот кој вечерва требаше да ме убие!

Точка

06/07/2022

20:46

3.927

Големина на фонт

а а а

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на својот профил на Фејсбук објави фотографија од човек кој држи огнено оружје во раката.

-Ова е човекот кој требаше да ме убие вечерва. Барам итно да биде приведен од Спасовски и МВР!, напиша Мицкоски на Фејсбук.

Потсетуваме, демонстрантите кои протестираат против францускиот предлог беа нападнати со камења и стаклени шишиња од група луѓе кај плоштадот Скендербег.

Во некои од фотографиите од инцидентот кои се појавија на интернет, се гледаше и вооружено лице кое во раката држи пиштол.




Спонзорирани линкови

Маркетинг