Поради симулирање мастурбација за малку ќе била уапсена, а сега им порача на денешните пејачки: „Гледате како го поплочив патот за вас, к*чки?“

Точка

06/07/2022

17:11

8.690

Големина на фонт

а а а

Биографскиот филм за животот на поп кралицата Мадона е во продукција, а пејачката ќе ја игра 28-годишната Џулија Гарнер, која е позната по улогата во серијата „Ozark“.

Мадона учествувала во пишување на сценариото, а има и голема желба за негово режирање за да обезбеди доследност на приказната.


63-годишната пејачка никогаш не се срамела да истакне колку е важна во поместување на уметничките граници. Како што вели, границите кои таа ги поместила на почетокот на својата кариера го „поплочиле“ патот на најголемите музички ѕвезди на денешницата како Мајли Сајрус, Дуа Липа, Кејти Пери...

Работата на филмот ѝ разбудила разни спомени, па така во една прилика се присетила дека за малку ќе била уапсена поради симулирање мастурбација на својата турнеја „Blonde Ambition“ во 1990 година.


„Полицијата ми се закани со апсење 3 пати додека патував низ светот, изведувајќи ја „Like A Virgin“ во склоп на турнејата „Blonde Ambition“. Ватикан ги откажа сите мои настапи во Рим! Гледате како го поплочив патот за вас, к*чки?“, напишала Мадона на црно-белата фотографија од еден нејзин настап.


Поп кралицата рекла дека во текот на третата вечер од својот настап во Торонто, во салата „Sky Dome“, добила предупредување од локалната полиција.

„Не го менувам своето е*ено шоу“, им одговорила Мадона тогаш на соработниците.



Спонзорирани линкови

Маркетинг