Протестите против францускиот предлог продолжуваат и денеска.
„Ултиматум, не благодарам“ повикува на масовен и мирен протест вечерва во 19:00 часот.
„Повторно пред влада преку МНР до Собрание. Да кажеме не на бугаразицијата. Не за полициските инфилтрати и не за полициското насилство. Да излеземе масовно и достоинствено“ се вели во повикот.
На вчерашниот протест дојде до судир меѓу полицијата и демонстрантите. Дел од насобраната толпа ја урна оградата пред Собрание и фрлаа со разни предмети кон полициските сили и кон зградата. Во нередите има повредени полицајци, како и приведени демонстранти.