Крај на приказната: Покетино доби отказ од ПСЖ!

Дерби

05/07/2022

13:25

2.852

Големина на фонт

а а а

Тоа што подолго време се најавуваше денеска официјално беше потврдено-Маурисио Покетино не е повеќе тренер на францускиот шампион Пари Сен Жермен.

Долго време се говореше во медиумите за ова сценарио, но Аргентинецот имаше активен договор и си ги бараше парите, па на крајот конечно двете страни успеале да си подадат рака за крај на соработката.

Покетино беше тренер на „светците“ од јануари 2021 година и го водеше тимот на 84 натпревари, успеа да освои неколку куп трофеи, но најважна е лигашката титула во минатата сезона.

ПСЖ веќе закажа прес конференција на која се очекува да биде промовиран неговиот наследник, Кристоф Галтие од Ница.



Спонзорирани линкови

Маркетинг