Халанд има две откупни клаузули во договорот со Сити

Дерби

05/07/2022

12:16

1.691

Големина на фонт

а а а

Манчестер Сити ќе го има Ерлинг Халанд во својот состав наредните сезони, но норвешкиот фудбалер во иднина ќе има начин за „излез“ од „Итихад“ поради откупните клаузули вклучени во договорот.

При преговорите, бразилската адвокатка Рафаела Пимента, која го наследи починатиот Мино Раиола, успеала да вметне клаузули слични на тие кои Халанд ги имаше и во Борусија и Салцбург.

Со оглед на англиските закони кои не дозволуваат класична откупна клаузула, тие се поврзани со одреден ефект на теренот, но условите се лесно остварливи и Халанд без проблем ќе може да размислува за понуди во две ситуации.

Првата е во 2024 година, кога Норвежанецот може да замине ако клуб плати за него 200 милиони евра, а втората едно лето подоцна кога откупната клаузула изнесува 175 милиони евра.

Се работи за големи суми, но истовремено и достижни за дел од најбогатите европски клубови, кои можеби нема да имаат трпение Халанд да го одработи петгодишниот договор со Сити.



Спонзорирани линкови

Маркетинг