Невил за случајот Роналдо: Јунајтед не смее да дозволи една работа

Дерби

05/07/2022

12:09

1.820

Големина на фонт

а а а

Кристијано Роналдо минатото лето го напушти Јувентус во самиот финиш на преодниот рок и предизвика големи турбуленции во редовите на италијанскиот тим, кој немаше ни време да размислува за соодветна замена.

Ваквото сценарио го плаши Гери Невил, поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед кој во својата последна порака на социјалните мрежи, предупреди дека тоа не смее да се повтори на „Олд Трафорд“.

Медиумите објавија дека Роналдо решил да замине од редовите на Јунајтед и веќе е во потрага по нова средина, но засега нема официјална потврда за втора разделба на Португалецот и премиерлигашот.

– Најважната работа во ситуацијата со Роналдо е одлуката да биде донесена решително и брзо.

– Ова не смее да се претвори во сага која би го тргнала фокусот од Ерик тен Хаг и неговото адаптирање во клубот наредниве два месеца, – вели Невил.

Роналдо наводно инсистира да настапува за клуб кој ќе игра во Лигата на шампионите, но засега е нејасно каде би ја продолжил кариерата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг