Патнички авион летал 14 часа над океанот со огромна дупка на трупот

Макфакс

05/07/2022

12:07

1.997

Големина на фонт

а а а

Патнички авион на „Emirates“ летал од Дубаи речиси 14 часа со огромна дупка на трупот пред да слета во Бризбејн, Австралија.

Авионот полетал од аеродромот во Дубаи во петокот, а патниците пријавиле силен тресок кај се слушнал додека авионот летал над океанот на пат кон Австралија.

„Ербас А380“ на Emirates слета во Бризбејн со дупка на трупот. Се верува дека е предизвикана од експлозија на гума при полетување од Дубаи. И покрај штетата, пилотите одлучија да го продолжат летот за Бризбејн“, напиша Твитер корисник.

Дејли Мејл пишува дека компанијата Емирати одлучила да го продолжи летот кој траел речиси 14 часа. Непосредно пред слетувањето, тие ја контактирале контролата на летање во пристаништето Бризбејн и пријавиле дека постои можност да им пукнала гума при полетувањето.

Летачкиот екипаж побарал да го пречекаат службите за итни случаи при слетувањето, пишува Aviation Herald. Очевидци велат дека работниците на итната помош биле шокирани од големината на дупката во трупот. На носот на авионот бил пронајден откачен штраф.

Засега не се знае дали завртката и дупката на авионот се поврзани.



Спонзорирани линкови

Маркетинг