Дали сте слушнале за скриената плажа во Макарска која порано била рај за нудисти?

Точка

04/07/2022

20:43

26.064

Големина на фонт

а а а

Плажата Нугал на Макарската ривиера е скриена локација која бројни светски туристички магазини ја сместуваат на листата на најубави места во Европа, а претходно била наменета исклучиво за нудисти.

Откако светските медиуми како „CNN“ и „Vogue“ започнаа да пишуваат за Нугал, но и благодарение на социјалните мрежи, дотогаш непознатото парче на брегот на Јадранското море стана прилично популарно.


Порталот „European Best Destination“ ја прогласи плажата за најубава во Европа за 2019 година, а во 2020 година американскиот магазин „Condé Nast Traveler“ ја издвои како една од 25-те најубави европски плажи.

Магазинот напоменува дека за да се стигне до оваа локација е потребно да се спуштите по карпа и да пешачите низ борова шума околу 40 минути.


„Спектакуларниот поглед од дното – плажа драматично опкружена со стрмни карпи од двете страни – и студената кристална вода ја прават вредна за патување“, се наведува во написот од 2020 година.

Како посебен совет, „Condé Nast Traveler“ издвојува: „Дојдете по силен дожд и ќе можете да забележите водопад од приближно 10 метри како тече низ најсеверната карпа“.


Додека претходно за оваа плажа знаеле само локалците, таа во последните неколку години се здоби со голема популарност. Исто така, Нугал претходно била резервирана исклучиво за нудисти, додека денес постојат два дела – еден наменет за нудисти и друг за останатите посетители.




Спонзорирани линкови

Маркетинг