Среќата спречи трагедија: Демонстранти упаднаа на трка на Формула 1, болидите ги заобиколуваа

Точка

04/07/2022

18:50

28.035

Големина на фонт

а а а

Трката на Формула 1 за Големата награда на Велика Британија во славниот Силверстоун им послужи на демонстрантите да упаднат на патеката и да ги загрозат своите животи.

Вчерашната трка на шампионатот на Формула 1 мина низ неверојатна драма и хаос, па така гледачите ја опишале како една од највозбудливите во последните пет години. Неколку пати можеше да дојде до сериозна трагедија.

Се почна со застрашувачката несреќа веќе на самиот старт. Џорџ Расел и Жоу Гуанју се судрија, а кинескиот возач преживеа вистински пекол и повеќекратно превртување на болидот кој речиси заврши на трибините.

За среќа, Кинезот мин без поголеми последици. Секако, трката веднаш беше прекината, а во текот на прекинот видовме уште една сцена која никој не ја посакувал.

Имено, група демонстрантите упадна на патеката и така ги загрози своите животи. Болидите на возачите биле во погон, а демонстрантите имале огромна среќа.

За среќа, болидите не возеле со голема брзина, па организаторите на трката успеаја навреме да ги отстранат од патеката.

Возачите како Естебан Оцон минаа многу брзо до демонстрантите. За среќа, возеа со помала брзина, па беше избегната трагедија. Снимката од неговата кабина го обиколи светот и покажува како членовите на обезбедувањето се справуваат со демонстрантите.

Медиумите откриле дека зад протестот стои движењето "Just Stop Oil' кое се противи на климатските промени. Припадниците на оваа организација веќе прекинувале бројни спортски натпреварувања во англиската фудбалска Премиерлига, во НБА и бројни други.




Спонзорирани линкови

Маркетинг