Српскиот документарец во првата недела од емитувањето стана хит на „Netflix“

Точка

04/07/2022

16:33

11.182

Големина на фонт

а а а

Документарецот на Милош Шкундриќ, „The Long Road to War“, во првата недела од прикажувањето се најде на листата на 10 најгледани филмови на „Netflix“ во 14 европски земји.

Според податоците на „Netflix“ во Хрватска, филмот е моментално на 8-то место на листата на 10 најгледани филмови.

Од продукциската куќа „Paradox Film“ истакнуваат дека особено добра гледаност има во нордиските земји. Во Холандија е на 9-то место, а во Шведска на 6-то.

„Ова е важна вест за српската кинематографија и српската историографија“, стои во соопштението на продукциската куќа.

„The Long Road to War“ прикажува разговори со историчари кои откриваат како дошло до Првата светска војна. Во филмот учествуваат Џон Рол, Хју Стракан, Жорж-Анри Суту, Олег Ајрапетов, Лотар Хебелт, Аника Момбауер, Доминик Ливен, Жан-Пол Блед, Алан Скед, Штиг Ферстер и Душан Батаковиќ.

Емитувањето започна на годишнината од атентатот на Фердинанд

Филмот започна да се емитува на „Netflix“ на 28-ми јуни, на годишнината од атентатот на хабсбуршкиот престолонаследник Франц Фердинанд. Атентатот го извршил Гаврило Принцип кој смртно го ранил Фердинанд и ја убил неговата сопруга Софија.

Документарецот се прикажува во 30 европски земји во кои „Netflix“ има публика од околу 70 милиони претплатници и ќе биде достапен за гледање во наредните 5 години. Направен е со поддршка од српското Министерство за култура и Филмскиот центар Србија во 2018 година, а низ годините беше наградуван и на бројни меѓународни филмски фестивали.



Спонзорирани линкови

Маркетинг