(Видео) „Како за страница за возрасни“: Захарова сподели снимка во опуштено издание – коментарите не престануваат...

Точка

04/07/2022

09:38

15.753

Големина на фонт

а а а

Иако сме навикнати да ги гледаме политичарите во нивните сериозни изданија, кои се речиси единствениот начин на кој се претставуваат во јавноста, има и такви кои сакаат да ја покажат и својата „опуштена“ страна.

Една од нив е портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова.

На социјалните мрежи почна да кружи видео од Захарова, кое според реакциите на корисниците - покажала можеби премногу опуштено издание.

Во триминутното видео што го сподели на нејзиниот Телеграм профил, Захарова се снимала како сензуално јаде јагоди, па и покрај војната во Украина и западните санкции со кои се соочува Русија, таа безгрижно ужива во летните денови.

Во позадината на објавата, во која ставила опис „мојата жетва“, се слуша „Калинка“, една од најпознатите патриотски руски песни, која е додадена на народната традиција на оваа земја.

 

Снимката на Твитер ја сподели новинарот Кевин Ротрок, а со коментарите кои следувале, корисниците потврдиле дека Захарова воопшто не останала незабележана.

Меѓу другото, некои се пошегувале дека Марија изгледа како да ја „промовира својата порно страница“ и дека ваквото видео е непримерно.

„Извинете, но ова е тотално понижувачко“, коментира еден корисник, додека друг се согласува: „Дали таа се обидува да биде привлечна? Затоа што не е“.

„Ова изгледа како содржина од сајтови за возрасни“, гласи друг коментар.

Некои додаваат дека ова е дефинитивно „сцена што не сакале да ја видат“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг