Маск го прекина деветдневниот молк на Твитер – објави фотографија со синовите и папата

Точка

03/07/2022

14:03

10.247

Големина на фонт

а а а

Илон Маск го прекина деветдневното молчење на Твитер, социјалната мрежа која се обидува да ја купи за 44 милијарди долари, објавувајќи фотографија од состанокот со папата Франциск.

Најбогатиот човек на светот на социјалната мрежа Твитер објави фотографија на која се гледа како стои покрај папата, каде пишува дека му е чест што се сретнал со него, пренесува „Ројтерс“.

На фотографијата се и четворицата синови на Маск, но не и неговата 18-годишна трансродова ќерка која се обиде да го промени името и да ги прекине сите релации со својот татко.

Инаку, за потсетување – Маск има осум деца.

Минатиот месец милијардерот изјави дека има уште неколку нерешени работи со купувањето на социјалната мрежа Твитер.

Извршниот директор на „Tesla“ и „SpaceX“ не е на службената листа на посетители, па можеби со поглаварот на Католичката црква се сретнал во „приватен“ аранжман.

Според италијанските медиуми тие разговарале за технологијата и како таа би можела да им помогне на луѓето во иднина.

Средбата се одвивала во домот на св. Марта.




Спонзорирани линкови

Маркетинг