Бала: Можно е нареднaта недела да се одржи Првата меѓувладина конференција на Македонија и Албанија со ЕУ

Макфакс

30/06/2022

22:04

7.397

Големина на фонт

а а а

Координаторот на пратеничката група на социјалистите (партијата на Еди Рама) Таулант Бала, по средбата со чешкиот амбасадор во Тирана, Карел Урбан, на својот Фејсбук профил објави дека е можно, наредната недела да се одржи Првата меѓувладина конференција на Македонија и Албанија со ЕУ.

„Се согласивме за фактот дека Западен Балкан мора да остане приоритет на Европската Унија за да овозможи продолжување на длабоките и трансформациони реформи започнати во рамките на процесот на интеграција. Со амбасадорот ја споделивме добрата вест од Брисел за можноста следната недела да се одржи Првата меѓувладина конференција со Албанија и Северна Македонија“, има напишано Бала на социјалните мрежи.

Премиерот на Албанија Еди Рама претходно упати апел до Македонците и Албанците во Северна Македонија да го прифатат францускиот предлог кој го отвора патот за официјален почеток на преговорите за членство на двете земји во Европската Унија.



Спонзорирани линкови

Маркетинг