Еве поради што ќесичките со чипсови се полупразни – после ова сè ќе ви биде јасно

Точка

28/06/2022

20:45

16.578

Големина на фонт

а а а

Често кога ќе ги отвориме ќесичките со чипс или пак други грицки, ни делува како да има повеќе воздух отколку тоа што ние го сакаме.

Прво што поголем дел од луѓето помислуваат дека тоа е измама на произведувачот. Доколку мислевте дека тоа се прави за да се продадат повеќе чипсови и истовремено да се заштеди на количина, сте се излажале.

Произведувачите наменски оставаат дел од амбалажата празен.

Имено, така нашите омилени грицки ги штитат од потенцијална штета при транспорт на истите.


При пренесувањето на чипсовите од разни магацини до продавниците, ќесичките се ставаат една врз друга, токму тој празен простор исполнет со воздух ги штити грицките од прекумерно кршење и уништување.

Од друга страна, во амбалажата се наоѓа азот, а не воздух.

Поради тоа што кислородот може да предизвика расипување на компирот, а влагата да го направи покршлив, ќесичките се полнат со азот. Тој ги одржува намирниците свежи и крцкави.

Доколку сте се прашувале дали азотот е штетен, може да бидете смирени – дури 78 отсто од воздухот којшто го дишеме е составен од азот.