Ерера: Мислев дека Нејмар веќе ќе има освоено „Златна топка“, но…

Дерби

27/06/2022

14:33

3.104

Големина на фонт

а а а

Искусниот шпански интернационалец, Андер Ерера направи интервју за реномираниот „АС“ во кој имаше можност за говори за неговите колеги како Лионел Меси, Килијан Мбапе и Нејмар, асови кои се на самиот врв во светскиот фудбал.

Играчот за врска имаше што да каже за критиките на адреса на Меси, потоа за изборот на Мбапе да го одбие Реал Мадрид и да остане на „Паркот на принцовите“, а притоа не го заборави ниту Нејмар за кого многумина сметаат дека можел да направи уште поголема кариера, да биде повлијателн и да им се приближи, биде рамо до рамо со Лео и Кристијано Роналдо како фудбалери кои одбележале една генерација.

- Имам пријателски однос со него. Тој е одличен соиграч и како фудбалер е во Топ 5 во светот. Мислев дека веќе ќе има Златна топка, но се уште тоа не го исклучувам. Радост е да се биде со него, - порача Ерера.



Спонзорирани линкови

Маркетинг