Доколку сакате да изгледате моќно тогаш облечете се како Кејт Мидлтон: Војвотката демонстрираше како изгледа стајлинг за чиста 10-ка

Точка

23/06/2022

18:00

11.065

Големина на фонт

а а а

Оделата и ова лето се во тренд, а особено ефектно е ова во бела боја во кое Кејт Мидлтон прошетала.

Оделата можат да бидат дел од деловните модни комбинации, но може да ги облечете и за свечени пригоди, сè во зависност од тоа како ги стилизирате.

Оделата минатата година станале многу популарни, а според зборовите на дизајнерите, ќе бидат актуелни сè до крајот на тековната година.


Во нив секоја жена изгледа, но и се чувствува моќно, па јасно е зошто тие доживеале толку голема популарност.

Кога ќе ги погледнете фотографиите ќе ви биде јасно дека тоа е вистина.


Кејт Мидлтон избрала струкирано сако и ѕвонарки, додека пак сето тоа го надополнила и со детали во иста боја. Освен оделото и монохроматскиот стил и тоа како е популарен, па овој стајлинг е навистина полн погодок.


Модните критичари овојпат едногласно ја наградиле војвотката со чиста 10-ка, а ние ќе ве прашаме вас: Дали ви се допаѓа оваа модна комбинација?




Спонзорирани линкови

Маркетинг