(Фото) На небото воочена мистериозна спирална светлина која ги збуни луѓето – еве за што станува збор

Точка

23/06/2022

14:50

41.565

Големина на фонт

а а а

Мистериозна светлосна спирала на ноќното небо која била забележана кај Нов Зеланд, предизвикала интересирање во пошироката јавност и иницирала расправа на интернет.

Многумина се запрашале за што всушност станува збор, пренесува „National Geographic“.

Причината за оваа необична појава, според тврдењето на експертите, не се вонземјани ниту игра на светлината, туку Space X ракета во „умирање“, како што пренесува „Daily Mail“.

Спиралниот облак на плин којшто светнал на небото над градот Нелсон во вечерните часови, бил воочлив во должина од 750 километри.

Експертите сугерирале дека ова најверојатно е последица на проектот „Space X“, кој само неколку часа претходно ја лансирал ракетата „Falcon 9“ со сателитот „Globalstar DM15“.

А, во моментот кога ракетата го ослободувала својот товар, жителите на планетата Земја можеле да воочат траг од пареа кој рефлектирал светлина од Сонцето и зад себе оставил мистериозна, сина трага.

Како што наведува Астрономското друштво „New Plymouth“, причина за спиралите кои привлекле внимание е издувниот облак од лансираната ракета.

„Слични ефекти се забележани и претходно, а Globalstar 2 FM15 на SpaceX веројатно поминал покрај Нов Зелан приближно во тоа време“, се наведува во нивната објава на социјалните мрежи.




Спонзорирани линкови

Маркетинг