Велат дека ова е најздравата земја на светот: Опкружена е со 5 мориња, а нејзините жители живеат долго и без болести

Точка

23/06/2022

11:41

9.177

Големина на фонт

а а а

Ако сакате да живеете долг и квалитетен живот, сè што треба да направите е - да се преселите во Италија.

Оваа медитеранска земја опкружена со 5 мориња е означена како најздрава земја на светот според Глобалниот здравствен индекс на „Bloomberg“ од 163 земји. Бебињата родени во Италија може да се очекува дека ќе живеат до 80-годишна возраст.

Иако Италија е помеѓу најразвиените земји на светот, нејзиниот раст стагнира веќе со децении, а речиси 40 отсто од младите се невработени. Но, и покрај сè, Италијанците се во значајно подобра форма отколку Американците, Канаѓаните или Британците кои во голема мера патат од висок крвен притисок и холестерол, како и од психички проблеми.


Италијанската кујна има голема заслуга за доброто здравје на нацијата. Тука е и медитеранската исхрана која е богата со зеленчук и маслиново масло, кои Италијанците го обожуваат.

На второ место на листата на најздрави земји е Исланд, на трето е Швајцарија, додека на четвртото и петтото место се наоѓаат Сингапур и Австралија. Во меѓувреме, 4.500 километри појужно односно во Сиера Леоне, просечната старост е 52 години, пишува „The Independent“, што ја прави земја најлоша за живот според оваа листа.

Секоја држава била оценета на основа на очекуваното траење на животот, причините за смрт и здравствените ризици како висок крвен притисок, консумација на никотин, неисхранетост и пристап до питка вода.



Спонзорирани линкови

Маркетинг