Тешко повреден возач на мопед по удар со автомобил во струмичко

Макфакс

23/06/2022

11:30

933

Големина на фонт

а а а

Вчера во 10.40 часот во СВР Струмица било пријавено дека на локалниот пат од с.Нова Маала кон с.Чанаклија, струмичко, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мопед без регистарски ознаки, управуван од Г.О.(63) од с.Чанаклија и патничко моторно возило „фолксваген фолф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Е.Ј.(39) од Струмица.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил возачот на мопедот Г.О. кои му биле констатирани во Медицински центар Струмица.

Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Струмица.



Спонзорирани линкови

Маркетинг