Џони Деп ги изненади своите фанови со нов изглед. Актерот и пејач пред 2 дена настапи на „Helsinki Blues Festival“ заедно со гитаристот Џеф Бек, а на концертот се појави избричен, без брада и мустаќи.
Деп носел бела кошула со подигнати ракави, црн елек и сива капа, како и очила за сонце.
Бек и Деп се пријатели од 2016 година, а на албумот „18“ кој треба да излезе ова лето работат уште од 2019 година. Албумот ќе содржи обработки од различни изведувачи, од „Beach Boys“ до „Velvet Underground“, но и неколку оригинални песни на Деп како „This is a Song for Miss Hedy Lamarr“ која неодамна беше објавена како сингл.
За потсетување, Џони Деп пред 3 недели го доби судскиот спор против поранешната сопруга Амбер Херд, а актерката беше прогласена за виновна за клевета. Поротата пресуди дека Херд мора да исплати отштета од 15 милиони долари поради клеветење во текст кој беше објавен во „The Washington Post“.