„Марка“: Реал размислува за сензационален ангажман на ветеран како резерва за Бензема

Дерби

21/06/2022

13:15

3.440

Големина на фонт

а а а

Модерните третмани ја поместија фудбалската гранција на пензионирање и фудбалерите се почесто даваат врвни перформанси во четвртата деценија од животот, а најдобри примери за тоа добивме во Реал Мадрид оваа сезона.

Лука Модриќ ја воодушеви цела јавност со своите настапи на средината на теренот на 36 години, додека Карим Бензема во својата 34-та година дефинитивно ја игра најдобрата сезона во кариерата.

Французинот е главен фаворит за освојување на „Златната топка“ и ќе биде вистинско чудо доколку не се случи тоа, а пред неколку дена самиот Перез откри дека не тргнал по Ерлинг Халанд бидејќи Норвежанецот ќе бил приморан да седи на клупата за резерви.

Со оглед на тоа што Лука Јовиќ и Маријано се очекува да заминат од Реал ова лето, Бензема ќе остане без никаква резерва, па во престолнината имаат и интересна опција во ракав и „Марка“ открива дека станува збор за сензационален ангажман.

Реал ја разгледува опција за сензационална понуда од Един Џеко, искусниот фудбалски ветеран од Босна кој изминатава сезона настапуваше за Интер, а кој не е во плановите за новата сезона во која се очекува враќање на Лукаку.

Угледниот мадридски весник посвети цела вест за Џеко и заклучи дека искусниот голгетер би бил идеална резерва за Бензема кога Французинот ќе треба да одмори во долгата сезона.



Спонзорирани линкови

Маркетинг