Шолја кафе што ќе ве разлади: Пробајте италијанско афогато – летна верзија на еспресо

Точка

18/06/2022

21:15

35.986

Големина на фонт

а а а

Веројатно не можете да замислите утро без кафе, било да е тоа обично турско кафе или еспресо. Сепак, во текот на топлите летни денови, топол пијалок не е најдобриот избор. Решението е италијанско афогато.

Италијанците прават афогато со еспресо, но доколку немате машина за кафе, овој пијалок ќе можете да го направите со обично кафе. Тоа не е она што Италијанците го замислуваат, но исто толку ќе уживате.

Потребни состојки:

- еспресо, но доколку немате апарат за еспресо, може и силно кафе;

- две топки сладолед од ванила.

Начин на подготовка:

Направете го еспресо кафето. Во шолја ставете две топки сладолед од ванила и прелијте ги со еспресо, така што сладоледот ќе почне да се топи и ќе добиете неодолив, кремаст и освежувачки пијалок.



Спонзорирани линкови

Маркетинг