Летното работно време на ЈП „Градски паркинг“ почнува од 1 јуни

Макфакс

31/05/2022

14:26

1.911

Големина на фонт

а а а

Град Скопје ги информира граѓаните дека од утре 1 (јуни), ЈП „Градски паркинг“ апочнува со летно работно време на јавните површини наменети за паркирање во зоните А, Б, Ц и Д.

Паркирањето во овие зони ќе се наплаќа од понеделник до сабота од 7 до 23 часот.

Град Скопје им препорачува на сите корисници на услугите за паркирање на ЈП „Градски паркинг“ навремено да вршат плаќање за паркирањето на зоните, согласно со наведеното време на информативните табли, за да не бидат санкционирани.