„Не знаев кој сум“: Актерот Остин Батлер признал дека му било тешко да излезе од ликот на Елвис Присли

Точка

25/05/2022

20:16

4.477

Големина на фонт

а а а

„Можете да го изгубите контактот со она кој сте вие всушност“, изјавил актерот.

Остин Батлер открил дека му било навистина тешко да се одвои од својот лик, откако ја толкуваше улогата на Елвис Присли и зборувал дека е „врзан за кревет по снимањето“.

Актерот (30) изјавил дека „го изгубил допирот“ со својата личност откако ја толкувал улогата на „кралот на рокенролот“ во претстојниот биографски филм на Баз Лурман – „Elvis“.

„Можете да го изгубите контактот со она кој сте всушност, а јас тоа дефинитивно го имав кога завршив со снимањето на филмот „Еlvis“ – не знаејќи кој сум“, изјавил Балтер за „GQ“ магазинот.

Остин исто така изјавил дека му бил дијагностициран вирус којшто го стимулира воспалувањето на слепото црево и изјавил дека телото веднаш по снимањето му се „исклучило“.

„Се разбудив во четири наутро со страшна болка и итно бев однесен во болница“, изјавил актерот, пренесува „Daily Mail“.

Погледнете го трејлерот за филмот „Elvis“:



Спонзорирани линкови

Маркетинг