Креацијата од тантела ја откривала заводливата долна облека, а кога се свртела, го покажала највисокиот шлиц на светот

Точка

25/05/2022

13:58

18.633

Големина на фонт

а а а

Емили Ратајковски која неодамна допатувала во Кан, присуствувала на премиерата на филмот „Crimes of the Future“ во повеќе од провокативна креација.

Имајќи ги предвид нејзините модни изданија на Канскиот филмски фестивал претходните години, фустанот кој Емили го носела вчера не е изненадување. Од неа се очекуваат најразлични модни провокации и секој пат ѝ поаѓа од рака да привлече огромно внимание на црвениот тепих.


Така било и овојпат, кога Ратајковски се појавила во фустан од тантела под кој се наѕирала заводливата долна облека, а ременот дополнително го стеснил нејзиниот струк и го истакнал нејзиното деколте.


Манекенката се појавила со фризура која е спој на најмодерните трендови: нежни локни и шишки, додека шминката ѝ била минимална и во земјени тонови. Зад нејзиниот накит стои познатата куќа „Шопард“.


Емили изгледала и провокативно и софистицирано, и елегантно и сензуално, а дури кога се свртела и зачекорила кон салата, го покажала вртоглаво високиот шлиц, но и дел од долната облека.




Спонзорирани линкови

Маркетинг