Јокиќ и Дончиќ ја предводат најдобрата петорка во НБА лигата

Дерби

25/05/2022

10:29

17.471

Големина на фонт

а а а

Никола Јокиќ и Лука Дончиќ уште еднаш си обезбедија место во тимот на сезоната во НБА лигата.

Утринава, НБА го соопшти списокот на кошаркарите кои добиле најмногу гласови, а Јокиќ и Дончиќ уште еднаш се претставници на регионот меѓу најдобрите пет играчи.

Очекувано, во петорката е и Јанис Адетокумбо од Милвоки, тука е Џејсон Тејтум од Бостон, а и Девон Букер од екипата на Феникс.

Во вториот најдобар тим се Џоел Ембид, Стеф Кари, Џа Морент, Кевин Дурент и Демар Дерозан, а во третиот место имаше за Џејмс, Таунс, Пол, Јанг и Сијакам.



Спонзорирани линкови

Маркетинг