Крис Прат и Кетрин Шварценегер го објавија раѓањето на втората ќерка

Макфакс

25/05/2022

08:12

4.633

Големина на фонт

а а а

Крис Прат и Кетрин Шварценегер Прат го дочекаа своето второ дете.

Актерот од Jurassic World Dominion и 32-годишната писателка и ќерка на Арнолд Шварценегер објавија дека во неделата се родила нивната ќерка, на која ѝ го дале името Елоиз Кристина Шварценегер Прат.

Во објавата – графика со името, датумот на раѓање и розова лента – што ја споделија на своите профили на Инстаграм, Кетрин и Кис напишаа: „Толку сме возбудени што можеме да го објавиме раѓањето на нашата втора ќерка, Елоиз Кристина Шварценегер Прат. И мама и бебето се добри.“

„Се чувствуваме повеќе од благословени и благодарни. Со љубов, Кетрин и Крис.“

Двојката го доби своето прво дете заедно, ќерката Лејла, во август 2020 година, додека Крис го има и деветгодишниот син Џек со поранешната сопруга Ана Фарис.




Спонзорирани линкови

Маркетинг