Дончиќ со насмевка по постерот за кој зборува цела Америка: Тоа беше неверојатно

Дерби

23/05/2022

16:36

16.969

Големина на фонт

а а а

Лука Дончиќ беше најефикасен на третиот меч во финалната серија на Западот и уфрли 40 поени, но имаше најлош процент на испратени/реализирани шутеви и поради тоа самиот ја презема вината за новиот пораз.

Голден Стејт поведе со 3:0 во финалната серија откако направи брејк на гостински терен и сега Далас е пред невозможна мисија, бидејќи ниту еден тим во историјата не се вратил по ваква негатива во НБА плејофот.

– Се уште учам, имав многу лошо прво полувреме и виновен сум за поразот. Се уште сум млад и учам на секој меч, кога ќе заврши оваа сезона, ќе може да кажеме дека многу сме научиле. Ова е мое прво конференциско финале во кариерата, млад сум и имам многу за учење, – изјави Лука.

Словенецот во четвртата четвртина беше жртва и на брутално забивање од страна на Ендрју Вигинс, односно беше постеризиран и тоа беше една од најкоментираните акции во Америка.

– Бев малку удрен, но забивањето беше импресивно. Нема да лажам, го видов видеото и не можев да поверувам. Би посакал и јас да имам такви предиспозиции за забивање, – изјави Дончиќ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг