Душата зборува на мајчиниот јазик: Денови на македонска литература со книгите на Коста Петров, Ана Јовковска, Илина Арсова...

Точка

21/05/2022

10:25

4.072

Големина на фонт

а а а

Од 21 до 31 мај книжарниците на ТРИ се обоени во книгите од домашните автори. За таа цел, не пропуштајте ги деновите на македонска литература и обезбедете си што е можно повеќе книги на мајчиниот јазик. Така најдобро ќе го нахраните срцето, а за душата тоа е единствениот разбирлив јазик.

Во продолжение ви нудиме неколку книжевни препораки за книги кои неодамна пристигнаа до македонските читатели. Изберете го својот нов омилен домашен наслов.


„Што ќе кажат другите?“ од Коста Петров

Како да не се грижите што ќе мислат другите за вас? Еден искусен автор го пронајде одговорот совладувајќи ги животните пречки. Тоа е Коста Петров. И тој вели дека одговорот е во кругот. Откријте колку неговиот круг му го промени животот и подгответе се да си го промените својот – зашто оној кој се наоѓа во вистинскиот круг, опкружен со вистинските луѓе, може да направи чуда.


„Емотивен талог“ од Ана Јовковска

Ана Јовковска секогаш нè остава замислени откако ќе прочитаме некои од нејзините есеи и колумни. Во „Емотивен талог“ сите тие се собрани на едно место. Па замислете колку мисли за животот ќе ви поминат низ главата откако ќе ја прочитате оваа збирка, колку ќе се поистоветите со случувањата на Јовковска и колку ќе ви се промени светогледот.


„Седумте“ од Илина Арсова

Секој од нас може да ги искачи седумте врва благодарение на новата книга на Илина Арсова. И не само што читајќи ќе се најдете на восхитувачка надморска височина туку и на многу повисок врв одошто сте биле пред да почнете да читате. Врв на кој ќе соберете надеж, авантура, адреналин и многу љубов. Во мемоарите на оваа номатка ќе пронајдете многу повеќе од планинарење.


„Живот“ од Кристијан Станковски

Човекот со картоните сме навикнати да го гледаме насмеан. Но понекогаш зад насмевката има и разбранувано море. Убавината е да научиш да пловиш и по него. Кристијан нека биде капетанот, а бродот е оваа книга. Дознајте за битките кои ги победи Бомбакис и подгответе се за борбите што следуваат. Животот сам по себе е борба. Колку потешка е борбата, толку послатки се плодовите.