3 машки лаги на кои „паѓаат“ и најинтелигентните жени: Лесно им веруваат кога ќе го кажат ова

Точка

20/05/2022

15:57

73.477

Големина на фонт

а а а

Некогаш мажите не се подготвени да им ја кажат вистината на своите избранички, па поради тоа кажуваат лаги.

Иако искреноста во емотивната врска е важна, секако повремено доаѓа до искусување на лагите...

Партнерите тоа некогаш го прават од страв од реакцијата од другата страна, а понекогаш така им е полесно – да не мора да објаснуват некои работи.

Ситните или пак „белите лаги“, како што ги нарекуваат, обидувајќи се да се оправдаат со нив, ги користат и двата пола.

Меѓутоа, како што велат психолозите, постојат три лаги кои речиси секогаш „палат“ кај жените, а кои мажите ги користат.

1. Сè уште не сум подготвен за врска, но можеме да се забавуваме

Оваа реченица тие често ја изговараат кога не сакаат да бидат во сериозна врска, но исто така не се подготвени да го изгубат тоа што го имаат, а што главно се однесува на страста. Кога сакаат да „купат“ време, ќе се послужат со тие лаги.


Поголем дел од жените подготвени се да им поверуваат на мажите и се надеваат дека еден ден тие ќе бидат подготвени за врска.

2. Имам многу работа, но наскоро ќе ти се јавам

Ова е една од омилените машки „бели лаги“. Најверојатно во тој момент не сака да се види со вас, но исто така не сака да ве изгуби, па така „купува“ можност за нова шанса за средба.

Оваа реченица „пали“ во најголем дел од случаите затоа што речиси секоја жена наоѓа оправдување за машките работи, особено доколку во нив се успешни.

3. Никогаш не сум запознал девојка како тебе

Оваа реченица мажите веројатно ја кажуваат на секоја жена која првпат ќе ја запознаат, а секоја жена баш поради тоа се чувствува посебно, односно подготвена да направи сè што тој ќе посака.


Мажите оваа лага ја користат кога сакаат да ги наведат жените да се заљубат во нив, а тоа често им се остварува поради тоа што секоја жена има потреба да се почувствува посебна и најпосакувана од сите кои тој дотогаш ги имал.




Спонзорирани линкови

Маркетинг