Не е лесно да си Ким Кардашијан. За да изгледа онака како што ја знаеме од фотографиите и ТВ екраните, таа мора да стане секое утро во 5 часот.
Прво вежба околу еден час, а потоа доаѓа нејзиниот 'глам' тим - армија шминкери, стилисти и фризери.
Ким Кардашијан потоа седи на столче околу 2 часа додека тие ја 'монтираат'. Но, пред сето тоа, таа изгледа, па - обично!
Таа неодамна во своето реално шоу на публиката ѝ го покажа своето вистинско лице – без шминка.
Надуено лице, ситни брчки околу очите и кожа со шарен пигмент се нешто што ниту една Кардашијанка не ни дозволила да го видиме - дури и кога им се случиле најлошите работи.
И додека Ким и Каније малку се сакаат, малку се мразат, малку комуницираат околу децата, а малку повеќе се навредуваат преку медиумите, сето ова е, веројатно, во однос на услугата и популарноста на нивното реално шоу.
Сега Ким одлучила да ја симне 'маската' од лицето и на фановите да им го покаже природниот изглед. Социјалните мрежи се преполни со коментари. Едни биле шокирани, а други позитивно изненадени од нејзината храброст.
„Боже, не би ја приметил да помине покрај мене ваква, па најмалите села во светот имаат поубави домаќинки од оваа старлета“, „Лесно ѝ е неа кога има толку пари да се намонтира, но џабе, без шминка на ништо не личи“, биле дел од негативните коментари.
I woke up like this! How unfiltered Kim Kardashian REALLY looks in the morning with no make up - https://t.co/N81NBafUOb#News pic.twitter.com/ucwbATybk9
— 234𝐑𝐚𝐝𝐢𝐨 🌍 (@my234Radio) May 19, 2022
„Па, таа е всушност убава жена и без шминка“, „Вака е поубава, кога ќе ја стави онаа шминка изгледа пренападно“, „Баш е слатка вака, делува приземно, симпатично, треба почесто да се појавува ваква“, велат оние кои ја поддржуваат.
Како ви изгледа вам Ким без шминка?