Дете покажало како се лови риба користејќи пластични шишиња и собрало 18 милиони прегледи

Точка

18/05/2022

18:59

17.242

Големина на фонт

а а а

Со оглед на тоа колку долго риболовот е дел од културата на луѓето, може да се очекуваат различни иновации поврзани со него. Сепак, постојат и некои иновации кои ги направиле и деца, а толку се интересни и корисни што привлекуваат внимание од пошироката популација.

Едно дете на сите им покажало колку е лесно да се лови риба со неколку едноставни лесно достапни предмети. "Pro Fish Hunter", Јутјуб канал посветен на риболовот, објавил видео за тоа. Не е изненадување дека детето брзо станало вирално.

Детето покажало неверојатна вештина во тоа што го прави, иако е се уште дете. Едноставно ловело риба користејќи само неколку стапови, јажиња со јадици и празни пластични шишиња. Имал и малку тесто кое го користел како мамка.

Најпрво го одмотал рибарското јаже, ги поставил шишињата на стаповите и во целиот процес продолжил да покажува неверојатна вештина. Се гледа дека не му е прв пат.

Довршувајќи ја инсталацијата, детето се повлекло на три часа. Кога се вратило, почнало да вади една риба по друга, а луѓето во коментарите го изразувале своето изненадување.

„Неверојатната техника, уште поневеројатно момче. Толку млад, а веќе голем рибар со неверојатна сила“, напишал еден корисник.

„Би сакал да ги имам мотивацијата и трпението на ова дете. Неверојатно е“, додал друг.



Спонзорирани линкови

Маркетинг