За што разговарале Макрон и Зеленски?

Точка

17/05/2022

20:18

1.737

Големина на фонт

а а а

Украинскиот претседател Владимир Зеленски денеска изјавил дека имал "долг и содржаен" телефонски разговор за војната во таа земја со францускиот претседател Емануел Макрон.

„Разговаравме за тоа како се одвиваат борбите, за операцијата за спасување на војниците од Азовстал и перспективите на преговарачкиот процес. Отворено е и прашањето за снабдување на Украина со гориво“, објавил Зеленски на Твитер.


Исто така, како што кажал украинскиот лидер, разговарале и за одбранбената поддршка на Франција, подготовкатана шестиот пакет санкции на ЕУ за Русија, како и за можните на извоз на украинските земјоделски производи.


„Имавме суштинска дискусија за нашата апликација за статус кандидат за членство во ЕУ“, додал Зеленски.




Спонзорирани линкови

Маркетинг