Проработел најголемиот вулкан во Европа: Етна повторно еруптирала, лавата се слева низ кратерите

Точка

17/05/2022

19:30

2.878

Големина на фонт

а а а

Вулканот Етна повторно еруптирал, јавуваат италијанските медиуми.

Лавата се слева низ кратерите на источниот брег на Сицилија, во близина на Месина и Катанија, пренесува "Анадолија".

Се појавила нова еруптивна пукнатина на северната страна на кратерот Југосток, од која излегува лава. Истовремено, од новиот отвор во близина на врвот на северниот раб на кратерот излегуваат пепел и чад.

Вулканот Етна важи за најголем и најактивен вулкан на територија на Европа. Неговите чести ерупции се проследени со големи текови на лава, но ретко претставуваат опасност за населението.

Етна е еден од вулканите со најдолги историски записи за ерупции кои одат до повеќе од 2.000 години во минатото.




Спонзорирани линкови

Маркетинг