Марота за изборот на тренер: Инѕаги беше втора опција, го засрамив со повик во незгоден момент

Дерби

17/05/2022

16:49

2.973

Големина на фонт

а а а

Интер ќе се бори за нова титула во Серија А до последното коло, односно дуелот со Сампдорија, но за славје ќе му биде потребен пораз на Милан на гостувањето кај Сасуоло.

Во меѓувреме, Извршниот директор Бепе Марота во своето последно интервју говорел за изборот на тренер по заминувањето на Антонио Конте.

– Пред да го ангажираме Инѕаги, имаше контакт со Алегри. Во тој период немаше ангажман, Макс располага со интересни квалитети и разговаравме со него.

– Потоа, му се јавив на Инѕаги без да знам дека е на вечера со Клаудио Лотито и беше навистина засрамен. Успеавме да се договориме брзо, истовремено респектирајќи го Лотито. Инѕаги реши дека му е потребен нов предизвик по многуте сезони во Лацио, – вели Марота.

Високиот функционер во Интер го избрал и највозбудливиот решавачки гол во рамките на својата менаџерска кариера.

– Веројатно тоа е голот на Алексис Санчез во Супер куп дуелот со Јувентус. Ми остави најголем впечаток, бидејќи неколку секунди подоцна натпреварот заврши, а Интер го освои трофејот, – изјавил Марота.



Спонзорирани линкови

Маркетинг